Притвор за крадците што оперираа кај Елешец и Лагадин

Охридската полиција ги фати двајцата крадци и ги „почасти“ со пријава.

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(35) од Охрид како и против К.А.(38), од Охрид за сторени две казнени дела „прикривање“ и две казнени дела „помагање“. Тешките кражби, пријавениот С.Ѓ. ги сторил во периодот ноември-декември 2019 година, од повеќе викенд куќи во охридските населби „Лагадин“ и „Елешец“, каде влегувал насилно користејќи подесен алат и прибор.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, првопријавениот „одземал алати за работа, телевизори, уметнички слики и други вредни предмети кои потоа, второ пријавениот К.А. ги транспортирал и сокривал во својот дом“.

– Судија на претходна постапка, на С.Ѓ. му одреди мерка притвор во траење од осум дена, изјави Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани