Притвор за малолетникот што изврши обљуба врз 12 годишно девојче

Притвор за малолетникот што изврши обљуба врз 12 годишно девојче.

СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство Охрид за 16- годишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, како и за 14- годишник од Охрид за сторено кривично дело „уцена“. На првопријавениот од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена откако, претходно полициски службеници од СВР Охрид го пронајдоа и го лишија од слобода. Тој на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12- годишно девојче од Охрид, додека друг малолетник  снимал. Второпријавениот, откако го добил снименото видео, на 20.11.2025 ја уценувал малолетничката да имаат сексуален однос, а доколку одбие и рекол дека ќе го објави видеото. Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, со неа како и со двете пријавени лица, извршија службени разговори, по што е поднесено известување до надлежното обвинителство.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани