Приведен 75-годишен жител на Пештани поради незаконит риболов во Охридското Езеро

Во раните утрински часови, на 5 јуни 2026 година во 01:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро го привеле Н.А. (75) од охридското село Пештани.

Како што информираат од полицијата, при акциска контрола на брегот на Охридско Езеро, тој бил затекнат при извршување на кривичното дело „незаконит риболов“. Притоа биле пронајдени и одземени повеќе парчиња риба и една рибарска мрежа.

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани