Во две одвоени полициски акции на подрачјето на Охрид и Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и привеле две лица.
На 04.02.2026 година во 00:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле М.М.(21) од Охрид, додека Д.С.(21) бил повикан на службен разговор. При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.С., при што кај сопатникот М.М. била пронајдена марихуана.
Претходно, на 03.02.2026 година во 21:50 часот, во струшката населба „Плитишта“, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Н.Д.(26) од селото Корошишта. При преглед во паркирано моторно возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
