Во тек се градежни активности за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ на потегот од ЕВН до Противпожарната станица.
-Денеска се вршеше поставување на нов асфалт на коловозот, по што ќе следува поплочување на тротоарите со камени плочи. Претходно беше извршено поставување на нова фекална и атмосферска канализација. Со оваа реконструкција се комплетира сообраќајната мрежа во овој дел од градот, каде што претходно се изврши реконструкција на улицата „Дејан Војвода“, информираат од општина Охрид.


