Промоција на стихозбирката „Јазикот што само ние го разбираме “

Во петок охридскиот писател Зоран Јакимоски ќе ја промовира својата нова стихозбирка “Јазикот што само ние го разбираме ” .Промотор на книгата е Јулијана Величковска а промоцијата е закажана од 18: 30 мин во кафе барот Шила. Јазикот што само ние го разбираме од Зоран Јакимоски беше во најтесен избор за наградата ,,Ацо Шопов” што ја доделува ДПМ. Лидија Димковска: Зоран Јакимовски е дефинитивно последниот македонски поет постромантичар во најубавата смисла на зборот: среде урбаните џунгли, градски улици,правливи патишта,општествени зданија,државни граници,локални споменици итн, успева да ја изнедри големината и важноста на љубовта и на нејзината вредност и за човекот и за човештвото.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани