Во склоп на Саемот на книгата во Скопје во организација на Министерството за култура на Р.Србија се изврши промоција на монографијата „Културно материјални добра во Охридскиот регион за време на кралството СХС,” (1918-1940) на Почесниот конзул Михајло Филев.
-Книгата е направена со посебна љубов врз база на факти и аргументи кој сведочат за нашата нераскинлива блискост во сите сегменти низ долагата заедничка историја, и ќе биде битен столб, за создавање на уште поголеми дела во сите области од културата и на сите полиња меѓу братските народи и држави, вели Филев.
Во монографијата ќе можете да прочитате:
Кои биле новите занаети во градот Охрид во дадениот период?
Кои споменици биле изградени?
Кои биле луѓето со првите превозни средства?
Како се изградиле дел од значајните и денес објекти во градот Охрид?
И уште многу други податоци…
Промотори и учесници на промоцијата беа
Државен Секретар на Министерство за Култура на Р.Србија Дејан Антиќ, д-р.Никола Митровиќ Бабе и Гордана Јовиќ Стојковска книжевник.




