На 7 септември, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга извршиле контрола на патот помеѓу струшките села Татеши и Мислодежда.
При контролата биле пронајдени неколку стебла од растението канабис сатива, високи околу еден метар.
Стеблата биле подигнати за натамошна постапка, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
