Тешко повреден охриѓанец со електричен тротинет, возел со 2,12 промили алкохол

На 7 септември во 23:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, 29-годишниот Ј.Т. од Охрид, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

При увидот било утврдено дека Ј.Т. го управувал тротинетот под дејство на алкохол, при што било констатирано присуство на 2,12 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани