На 7 септември во 16 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода 49-годишниот М.Д. од Струга.
Тој бил пријавен дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон својот татко и оштетил дел од покуќнината.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
