Просечниот животен век во земјава е намален на 72 години

И охриѓани и стружани мака мачат со нестандардните депонии. Под притисок на собраниот метан, депонијата  Буково  подолг период  е во спалена состојба и секојдневно го загадува воздухот.

Планот на општината  е да се обезбеди постојан надзор, оградување и трупање со земја како дел од процесот за нејзино затворање.

-Општината обезбеди средства од 50.000 евра за спроведување на  подготвување на документација со која што ке може да ги направи тие така наречени градежни активности и да ги направи анализите, за да може потоа да се продолжи кон пронаоѓање на компанија која што ке го санира и затвора Буково, вели Драгана Карашова од иницијативата  Збогум Буково.

Струшката депонија е во самиот град,  а често  се спалуваат и дивите депонии  во околните села.  Активистите од Струга, бараат итно да се дадат мерки за заштита на населението.

-Очекувањата на граѓаните се да добиеме одговор кој е изворот на загадувањето на територија на ошштина Струга,  дали ваквото загадување е направено од страна на човечки фактор или атмосферски влијања, како и мерките и активностите  кои што се превземени од страна на надлежните органи со цел да се превенираат  вакви случаи, вели Глигор Ќато активист.

Лекарите велат токсичните испарувања, се сериозни ризици по здравјето на луѓето. Доказ за нашата негрижа за животната средина  е фактот   што во  во Европска Унија, просечниот животен  век  надмина  81-на година,а  кај нас  се  намали  на 72 години.

-Тоа е хронично труење кое што секој ден полека-полека ги уништува нашите гради, а преку градите навлегува и во нашиот организам.  И можеби најдобар факт кој што ќе покажи до кој степен сме затруени е податокот што Македонија е единствена држава во Европа каде што животниот век е намален во последните дваесетина години, вели проф д-р Нико Беќаровски токсиколог.

Потребни се итни системски  решенија, советот на лекарите е внес на антиоксиданси и повеќе течности за прочистување на организмот.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани