Прв економско дипломатски караван во Струга

Потребни се итни економски мерки за ублажување на последиците од светската економска криза, да запре миграцијата на младите стручни кадри и отворање на нови работни места за намалување на високата стапка на невработеност во Југозападниот регион во земјава.

Ова се дел од заклучоците на првиот економско – дипломатски караван,во организација на министерството за наворешни работи, што денес се одржа во Струга. Пред европските амбасадори беа презентирани економските потенцијали на компаниите и инвестициските потенцијали на Југозападниот плански регион со цел да се отворат нови можности и пазари за домашните компании.

„Ова е еден од начините , нови инвестиции, креирање нови работни места, всушност ова е еден од обидите да ја подобриме состојбата на економски план во Југозападниот регион. Инаку во регионот има 7200 активни фирми, а стапката на невработеност е 24,1% што е се уште висока“, вели Мирјана Ложанкоска од Југозападниот плански регион.

Заменик министерката за надворешни работи очекува за една година силни економски резултати од дипломатските каравани во земјава.

-„ Целта ни е да носиме нови инвестиции, сега е време на криза но очекуваме за една година да имаме поголем успех и да се види резултатот на овој почеток на економско дипломатскиот караван“ , вели Фатмире Исаки заменик министер за надворешни работи.

Претседателот на Советот на Југозпадниот регион Мерко, повика на спроведување на законот за регионален рамномерен развој.

-„Не се имплементира законот, 1% од БДП според кој за секој регион би имало над 10 милиони евра годишно. А се доделуваат едвај во последно време скоро 1 милион евра по регион“, рече Рамис Мерко претседател на Советот на Југозападниот регион.

Анализите покажуваат дека најпогоден во пандемијата е туристичкиот сектор, кој е главен во овој Југозападниот регион во земјава, а потоа следат услужните и трговските дејности.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

Social profiles