Првачињата во Вевчани со порака за среќен почеток на новата учебна година

Првиот училишен ден донесе возбуда и радост за најмладите жители на Вевчани, кои за првпат седнаа во училишните клупи.

По повод почетокот на учебната година, градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, упати честитка до првачињата, посакувајќи им успешен почеток на нивното образование, многу знаење и убави моменти во училишните денови.

„Од името на Општина Вевчани, ви посакувам среќен почеток на првата учебна година, многу успеси и безброј прекрасни моменти“, порача Кочовски.

Градоначалникот им посака на најмладите со љубопитност, радост и насмевки да го започнат новото животно поглавје – светот на училиштето.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани