Изградбата на автопатот Охрид – Кичево продолжува со реализација на еден од најкомплексните инженерски зафати на трасата – изградба на галерии за стабилизација на свлечиштата.
Министерот за транспорт Александар Николоски информираше дека во изминатиот период биле спроведени дополнителни геоистражни работи на новите свлечишта долж автопатот, врз основа на кои биле изработени основни проекти за стабилизација на 14 свлечишта преку изградба на т.н. галерии.
Според Николоски, станува збор за исклучително сложен инженерски потфат со кој треба трајно да се реши проблемот со свлечиштата на автопатската делница Охрид – Кичево.
„Вака изгледа првата галерија на автопатот Охрид – Кичево“, објави министерот на социјалните мрежи, посочувајќи дека активностите на терен продолжуваат со цел завршување на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата.