И овој продолжен викенд голем број туристи во Охрид. Ги има редовните странски гости од Холандија, Полска групите од Турција, но и од соседна Србија. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика од јануари – јуни годинава, бројот на туристите е зголемен за 11.1 %, во однос на лани, Но туристичките работници велат не се исполнија очекувањата, првичните анализи покажуваат огромен број гости, но со послаба куповна моќ.
-„Имаше голема раздвиженост, градот беше полн се доби впечаток дека сезоната е добра меѓутоа оваа година имаме публика која што е финансиски послаба. таква публика во градот е потребна меѓутоа не е најпожелна затоа што таков тип на гости кои што доаѓаат нема некој голем финансиски бенефит. И можам да кажам и да оценам дека беше послаба“, вели Челик Асим туристички работник.
-„Охрид имаше многу туристи, но не знам зошто имаме ние квантитет, а немаме квалитет на туристи. Знаете има доста туристи од Турција кои се организирани и кои се им е однапред предодредено и имаат каде да ручаат и да посетат, за разлика од приватните туристи кои треба да потрошат пари на повеќе места. Охрид треба да се стреми на квалитет а тоа може а се направи со регулирање на цените “, вели Зоран Ангелоски бродар.
На брегот на Охридското Езеро се користат последните денови од летото, на плажите се уште има посетители , се ужива во топлото сончево време.
-„Многу е убаво, прекрасна природа, незаборавни пејсажи, комплетно преубаво“, вели гостинка од Италија.
-„Многу добро, многу убаво, затоа што времето е многу пријатно, а водата е незаборавна. Никогаш не било подобро отколку деневови“.
-Многу потопло од минатите викенди така што стварно е многу убаво, се надевам ќе не служи уште вакво време.
-Еве со книгата убаво си поминувам се капам и така се е најдобро.
До крајот на септември на Охридскиот аеродром ќе ги има конекциите со Холандија и Полска. Владата го објави јавниот повик за субвенционирање на нови авио линии, ќе има финансиска поддршка , од 12 евра по патник превезен до аеродромот Св. Апостол Павле.
Новинар Соња Рилковска