Денеска, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, со чартер лет на холандскиот туроператор Корендон од Амстердам, во Охрид, пристигнаа првите 150 холандски туристи. Во 10 часот денеска, на охридскиот аеродром, слета авион од најновата серија на „Боинг Маx“ каде, првите холандски туристи беа пречекани од претставници на туристичката агенција „Фибула Травел Македонија“, партнер на туристичкиот оператор „Корендон“ од Холандија.
Здружената алијанса на туристички оператори од Македонија, денеска во струшкиот хотел „Изгрев“, имаа средба со повеќе претставници од авио компанијата „Ербалтик“ од Рига-Латвија и 10 други тур оператори од Латвија, Естонија и Литванија.
Целата на состанокот е евалуација на фам информативното туристичко патување низ земјава, наменето за повеќе претставници од авио компанијата „Ербалтик“ од Рига-Латвија и тур операторите од Литванија, Латвија и Естонија со кое, тие ги запознаа убавините на Македонија. Фам информативното патување, отпочна на 10-ти и ќе трае до 14-ти овој месец кога е предвидено, претставниците на странските тур оператори да посетат и други значајни туристилки дестинации во Македонија.

