Работилница за квалитет на воздухот

Во организација на НП Галичица во соработка со Хидробиолошкиот институт се одржа Работилница за квалитет на воздух во основните училишта ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Мурат Лабуништи“ – Струга .

Преку интерактивни активности, учениците научија како загадувањето на воздухот влијае врз животната средина и здравјето, како и кои мерки можеме да преземеме за да го зачуваме чистиот воздух.  Во битката со аерозагадувањето секој поединец треба да биде совесен.

Работилницата се одржа во рамки на проектот Мрежа за искуствено учење со учениците.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани