Претставници на Охрид Трчат вчера остварија работна средба со началникот на СВР Охрид Сашо Смилески.
Целта на средбата беше заеднички да се разгледа изработениот сообраќајен проект за атлетскиот викенд, кој втора година по ред ќе се одржи во Охрид. Посебен акцент беше посветен на безбедноста на граѓаните и учесниците во трката.
Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ која го организира Охрид ТрчаТ ги започнува финалните подготовки за настанот кој ќе се одржи на 3 јуни, информира Иван Цветкоски директор на трка.
Сите заинтересирани граѓани и компаниии за атлетскиот викенд Охрид ТрчаТ може да се пријават на официјалната страна „ohridtrcat.mk“.

