Триесеттина градежни работници, ангажирани од скопската компанија „Бауер“ која го гради затворениот пливачки базен во Охрид , добиваат закани заради тоа што од пред неколку денови излегоа на штрајк.
Работодавецот не им исплатитл две плати, регрес и хранарина.
-„Плати немаме, регрес не… не лажеа дека ќе имаме регрес и дека најдоцна до 31 јануари ќе ни биде исплатен, а сега ни велат дека нема односно дека не ни следува“,велат револтираните работници.
Работниците се жалат и на некоректниот однос на нивниот шеф кој деновиве се дрзнал да им се заканува со отпуштање од работа доколку се пожалат од компанијата. Главниот мајстор Љупчо Спироски кој ја води групата на градежни работници, револтиран од целата досегашна состојба обвинува дека нивниот претпоставен секојдневно ги лажe.
-„Се закануваат нон стоп дека кој ќе побара ќе го избркаат од работа и дека од Скопје од улица ќе донесел мајстори како нас, ние живееме со една нога во гроб со друга на скеле. Зад оваа врата се крие најголемиот криминал. Господинот кој е ставен овде Ристе не лажи, директорите не ги имаме видено, кои се сопственици на оваа фирма. Р. Македонија, Агенцијата за млади и спорт му дала пари, ова е државен објектовде се работи со лага, овде се крие најголемиот криминал“, велат револтираните работници во изјава за регионалната ТВМ Телевизија.
Работниците речиси две години се на градилиштето се оставени на немилост, не им била обезбедена соодветната облека.
„Заштита, само едно одело на една година а некогаш и на година и пол“.
Работниците утрово целата состојба ја пријавиле и до надлежните инспекциски служби во градот. Додека нашата екипа беше на терен, на градилиштето пристигнаа од трудовата инспекција. Според раководителот на регионалниот трудов инспекторат Трајче Костески, инспекцијата постапила по сите барања кои ги посочиле градежните работници. Донесле акт со кој што му наложиле на работодавачот да изврши отстранување на извршените неправилности кои се направени во однос на прекршувањето на Законот за работни односи. Костески информираше дека исто така работодавачот го задолжиле, најдоцна до понеделник на работниците да им биде исплатена декемвриската плата, а до 20 февруари и регресот. Првичната инспекциска контрола покажала и одредени неправилности и повреди по некои основи кои допрва ќе се утврдуваат, а за кој најверојатно ќе има пријава и постапка, вели Костески во зијава за ТВМ телевизија.