ВМРО ДПМНЕ: Дали стопирањето на проектот за нов театар е живот за охриѓани?

На вчерашните изјави на министерот за култура Роберт Алагозовски за заштита на културното наследтсво кажани во Курбиново со остра реакција се јавија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

 

-„Да говориш за заштита на културното наследство и унапредување на туристичкиот потенцијал на Охрид треба да имаш достоен кредибилитет. За жал СДСМ и Алаѓозовски го немаат тој кредибилитет.

Нека каже еден единствен проект од оваа област што го реализирале. Факт е дека не реализирале ниту еден проект за конзервација, реставрација и санација на ниту еден објект или локалитет во Охрид.
Што се однесува на изјавата дадена на основачкиот состанок на Комисијата за управување со наследството на охридскиот регион, со наводниот ризик за Охрид и некаква опасност од губење на статусот град под заштита на УНЕСКО, Алаѓозовски ги манипулира граѓаните, спротивно на изјавите од официјалните лица на комисијатата на УНЕСКО во нивната официјална посета во кои експлицитно се вели:
„Никогаш не дошло во прашање Охрид да биде избришан од листата на УНЕСКО, на Охрид не му се заканува бришење од листата“.

Од ВМРО ДПМНЕ упатија низа прашања до Алаѓоовски:

-„Единствено што треба да направи министерот Алаѓозовски е да им објасни на охриѓани:
Дали прекинувањето на проектот за Центарот за култура значи живот за Охрид и охриѓани?
Веднаш транспарентно и целосно да се објави извештајот и да се образложи кои мерки се преземаат?
Каде е наводниот нов Закон за заштита на културното наследство?
Што се случи со системот на задолжително финансирање на спомениците од листата на споменици од национално значење?
СДСМ да престане да манипулира со граѓаните и крајно време е да престане со тргување на државните и националните интереси а да се заложи за заштита на националнииот идентитет на македонскиот народ и Република Македонија“ стои во писмената реакција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид. 

Министерот Алаѓозовски вчера во Курбиново најави реставрација на црквата „Свети Горги“ и нови проекти за заштита на културното наследство.

-„Би сакал уште еднаш да нагласам дека во годината посветена на европското културното наследство, дополнително се изострува нашето внимание кон преиспитување и унапредување на грижата кон нашето богато културно наследство. Курбиново особено, но и други важни објекти и знаменитости се запустени и оставени на забот на времето повеќе години. Наша недвосмислена намера е тоа да го спречиме веднаш. Културното наследство е наш врвен приоритет и ние со секоја наша постапка ќе дејствуваме во правец на поквалитетна и поавтентична заштита на нашето највредно богатство, со кое се гордееме во целиот свет“, рече Алагозовски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани