Екипи на ЈП ,,Охридски комуналец” ја расчистија дивата депонија кај с. Рамне.
Подигнат е сиот отпад: душеци, кревети, бела техника, градежни материјали и др. Поради енормните количини отпад употребена е специјална механизација.
Подигнат е и отпадот кој Здружението за заштита на природното и национално богатство „Енхелеус Лихнид” го собра од патот за „Беј Бунар”.
Стоиме на располагање и излегуваме во пресрет на ваквите еко-акции со цел сите заедно да помогнеме за почист и поубав Охрид, информира градоначалникот Пецаков.

