И натаму расте цената на недвижностите во Охрид. Од 1200 до 3500 евра за метар квадратен се движат цените на становите зависно од атрактивноста на локацијата. После Скопје, Охрид е втор град во земјава привлечен за градежната индустрија. Станови се градат насекаде и во градот и на периферијата.
Интерес за купување има, расте и побарувачката на недвижнини, па поради и тоа и инетересот за градење е голем.
– Тоа е работа на понудата и побарувачката и тука ние не можеме да правиме интервенција. Ги замрзнуваме цените на артиклите за одружвање на социјалниот статус но кај становите тоа е многу потешко извдливо. Мислам дека тоа би можело да се направи со некој стратешки приод коју би ги пореузвал и на тој начин да се намалат овие енормни градби, велчи професорот Науме Мариноски професор на ФТУ Охрид.
Според науната фела во градот Охрид мора да има умерена градба. Големиот број викенд станови, кои се рентаат без никакви давачки создаваат сива економија во туризмот.
-Честопати кога правиме анализа на искористеноста на капацитетите гледмае дека тие не се искористени а добиваме во пракса појава на динамична града, што значи дека има потреба од станоиздавање, но битна е конторлата,. Самиот град со оваа динамика јасно е дека се задушува, ние не претендираме на тоа градот да стане метропола, туку да биде едно рпијатно туристичко катче кое на општимален начин ке може да ги прифати туристите, вели професорот Мариноски.
Сопирањето на претераната урбанизација е една од препораките на УНЕСКО. Градењето мора да биде планирано и регулирано на начин кој ќе го зачува карактерот и уникатноста на градот, но и економскиот развој.
Ноцинар Соња Рилковска
