Улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид доби нов лик, со што значително се подобруваат условите за живот и безбедноста на жителите во овој дел од градот.
Со проектот беше извршено асфалтирање на коловозот на површина од 4.800 квадратни метри, како и изградба на нови сливници за поефикасно одведување на атмосферските води.
Вредноста на инвестицијата изнесува 8.079.000 денари, а проектот е реализиран со поддршка од Светска банка, во рамки на заложбите за развој на модерна и функционална инфраструктура.
Од локалната самоуправа посочуваат дека ќе продолжат со реализација на проекти насочени кон подобрување на урбаната инфраструктура и квалитетот на живот на граѓаните.
