Рекордер читател од Охрид лани прочитал двесте книги

Охриѓани сакаат да читаат книги. Читаат и младите и повозрасните. И покрај тоа што современото време денес  нуди читање онлајн, се уште е голем бројот на читатели по традиционален терк. Рекордер читател во изминатата 2024 година причитал 200 книги а најмладото читателче прочитало 41 книга. Во градската библиотека  има околу 6000 редовни членови.

– Охриѓани можам да ги пофалам доста читаат книги, секако ние како библиотекари секогаш се трудиме сакаме уште повеќе да читаат. Можам да ги пофалам имаме доста читатели од најмалди до најстари. Имаме псотојани читател, имаме и преку летниот период кои се вклучуваат дополнително отприлика имаме околу 6000 редовни читатели, вели Христина Трпеска директор на охридската библиотека.

Охридската библиотека располага со богат  книжевен фонд, има околу 100 000 книги од сите жанрови и на повеќе јазици.

-Имаме доста обемен книжевен фонд околу 100 000 книги, секоја година се зголемува тој фонд нешто преку минисетртсвото нешто купуваме нешто ни подаруваат. Имаме повеќе различни фондови тоа е реткиот фонд можам да го издвојам каде рапсолагаме со книги кои датираат од 1887 година значи тоа е многу вреден и стар фонд, тука е и Евангелието старо 2000 години кое  во моментов се наоѓа на реставрација во Скопје, меѓутоа се надевам дека од 2026 година ќе се наоѓа во нашите простории. Имаме и детски фонд енциклопедии, романи лектири богат фонд. Возрасен фонд каде имаме литература од сите светски класици, бестселери. Имаме македонска српска бугарска, француска, германска, африканка. Имаме и италијанско катче нашата библиотека е богата и вреди да се посетува, додава Трпеска.

Охридската библиотека го одбележа Светскиот ден на книгата со избор и награди на најчитател од најмладите и повозрасните. Беа донирани книги и благодарници.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани