Ретките болести бараат гласност и поддршка – Општина Охрид со поддршка за кампањата

Месецот февруари традиционално е посветен на подигнување на свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејства.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, истакна дека преку континуирана поддршка и конкретни активности може да се придонесе за поголема инклузија и поквалитетен живот за оваа категорија граѓани.

„Верувам дека преку континуирана поддршка и конкретни активности можеме да придонесеме за поголема инклузија, поквалитетен живот и зајакнување на нивните права и достоинство. Кампањата ‘Ги запознаваме ретките болести’ има значајна улога во информирањето на јавноста, унапредувањето на разбирањето за овие состојби и разбивање на предрасудите“, посочи Пецаков.

Тој нагласи дека Општина Охрид во континуитет ја поддржува оваа кампања, оценувајќи дека само преку заедничка соработка може да се изгради похумано и посолидарно општество.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани