Режисерот Пиперкоски портпарол на општина Охрид

Познатиот македонски режисер со потекло од Охрид Илија Пиперкоски е новиот портпарол на општина Охрид.

 

-Во име на новиот градоначалник на Охрид Проф. д-р Јован Стојаноски и
новата локална власт сакаме да ја истакнеме и на овој начин важноста,
која Вие како медиуми ја имате за правилното, брзо и навремено
информирање на јавноста за работата на секоја локална самоуправа,
предизвиците, но и проблемите со кои се сретнува истата во својата работа.

Сакаме да напоменеме дека ќе бидеме секогаш отворени за Вашите потреби за добивање на квалитетна, точна и навремена информација, кој подоцна ќе ја пренесете до граѓаните.

Ќе негуваме партнерски и колегијален однос со седмата сила, а
одговорните во општината ќе Ви бидат на располагање за сите Ваши потреби, напиша Пиперкоски  во соопштението до медиумите.

Медиумите очекуваат транспарентна и отворена општина. Претходната локална власт ќе остане запаметена како недостапна за информации  за медиумите. Ниту еден раководител на сектор  не одржа ниедна  пресконференција. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани