Охрид – Младински Центар Охрид ќе го организира четвртото издание на Саемот за образование и кариера 2026, кој ќе се одржи на 24 април со почеток во 11:00 часот, во просториите на Центарот (Поранешна касарна).
Станува збор за единствена платформа од ваков тип во државата, насочена кон поддршка на младите при изборот на нивното образование и кариерен пат.
На саемот ќе учествуваат околу 20 образовни институции, вклучувајќи факултети и средни училишта од целата земја, како и претставници на Агенција за вработување на Република Северна Македонија и Асоцијацијата на кариерни советници.
Посетителите ќе имаат можност да добијат директни информации за образовните програми, како и кариерно советување за можностите за вработување.
Се очекува присуство на голем број ученици од основните и средните училишта од Охрид и Струга, што го прави настанот особено значаен за локалната заедница.
Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да присуствуваат и да ги искористат можностите што ги нуди саемот за планирање на својата иднина.
