Се гради  повеќенаменско спортско игралиште во населба „Видобишта“

Се гради  повеќенаменско спортско игралиште во населба „Видобишта“.
Со изградбата на ова мултифункционално игралиште Општина Охрид продолжува да инвестира во спортската инфраструкура која е од големо значење за правилен раст и развој на најмладите, изјави градоначалникот Кирил Пецаков.
Игралиштето кое ќе биде наменето за фудбал и ракомет се протега на површина од 1320м2 и на истото ќе биде поставена специјализирана гумирана подлога на површина од 230м2. Покрај делот кој е наменет за спортување ќе се изврши хортикултурно уредување на целиот простор и ќе биде поставено соодветно осветлување.
Вредноста на оваа инвестиција е 7.622.151 денари и истата е целосно финансирана од буџетот на Општина Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани