Се одбележува Денот ПИ, Охрид има одлични математичари

Денес се одбележува Меѓународниот ден на математиката, или популарно наречен  Денот Пи. Славењето на значењето на математиката и популаризацијата на оваа наука е значајно, бидејќи математиката е основа на сите природни науки и инженерство,и има  широка примена во секојдневниот живот.

-Математиката е секаде околу нас! Од пресметување на време и пари, до основите на технологијата што ја користиме секој ден. Таа е инструмент за решавање на проблеми, и ни помага да донесуваме информативни одлуки. Математиката е основна наука која лежи во основата на многу други дисциплини и има клучна улога во развојот на науката, технологијата, инженерството и економијата. Најголемите предизвици како професориза нас се  способности ан учениците  да ја совладаат математичката вештина некои полесно и побрзо но има и ученици кои имаат потешкотии знаеме дека математиката е една од покомплексните и потечките науки – вели Александра Маркоска Томеска професорка по математика во охридската гимназија.

Многу ученици покажуваат интерес за математиката, но афинитетот кон неа може да варира. Некои ученици се многу заинтересирани и талентирани, па постигнуваат извонредни резултати на математички натпревари, додека други може да не се толку заинтересирани, Не секој сака математика, таа се смета за еден  од потешките  предмети, токму затоа задача на професорите е да изнајдат начин да ја доближат до учениците.

– Секогаш се трудиме да ја направиме математиката поконкретна и забавна. Користиме различни наставни методи,  проекти, практични примери и интерактивни алатки за да им покажеме на учениците дека математиката не е само апстрактни бројки, туку има многу практична примена во секојдневниот живот и во различни професии, додава Томеска.

Охрид има голем број математичари, талентирани ученици и во осносвното и средното образование, кои ја сакаат математиката. Еден од нив е Дарио Павлески од охридската гимназија.

-Математиката е еден од моите омилени предмети на исто место ја ставам со физиката. Тие две науки ги гледам како науки кај кои е дозволена креативноста може логички да се размислува а не само да се учи напамет. 0246 Годинава учествував на државниот натпревар каде освоив пофалница.0317 Би сакал да продолжам на факултет во Љубљана и да студирам за електроинжинер , вели Павлески ученик од гимназија.

Одлуката токму овој ден во годината да се прославува како Меѓународен ден на математиката беше донесена во ноември 2019 година.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани