Се одложува собирот на граѓани за избор на совети на Месните заедници во Косел и Трпејца

Согласно статутот на општина Охрид член 105, став 4, мандатот на членовите на советот на месната самуправа трае 4 (четири) години.

 

Мандатот на сегашниот состав на советот на месната заедница Трпејца истекува на ден 30.10.2022 година, а мандатот на сегашиот состав на месната заедница Косел истекува на ден 07.09.2022 година.

Поради тоа, Општина Охрид го одложува закажаниот собир на граѓани за овие две месни заедници. Изборот на Совет на месна заедница за овие две населени места ќе се изврши по истекот на мандатот на сегашиот состав.

Активен мандат на совет на урбана заедница има и Урбана заедница 1 Стар Град, заклучно со ден 13.02.2023 година.

Согласно статутот на општина Охрид член 106 став 1, одлука за распишување избори за членови на советот на облиците на месната самоуправа донесува советот во стариот состав, најдоцна 30 дена пред истекот на мандатот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани