Се подобруваат условите во ООУ „Христо Узунов“.
– Максимално сме посветени во обезбедување на услови за поквалитетно образование. Денеска го посетив ООУ „Христо Узунов“, каде што се извршија неколку инвестиции. За ова училиште Општина Охрид обезбеди 15 интерактивни табли и од општинскиот буџет се обезбедија средства за целосно реновирање на една училница. Дополнително во соработка со донатори се изврши доградба на нова училница која ќе се прилагоди за потребите на учениците во ова училиште. Исто така, во соработка со донатори обезбедивме соодветни калорифери за греење во училишната спортска сала.
Вкупната вредност на овие инвестиции изнесува 3,405,000 денари, информира градоначалникот Кирил Пецаков.