Раниот пубертет се почест проблем кај децата. Тој премин од дество во зрелост треба да се случи за девојчиња од 09 до 11, а за момчињата од 10 до 12 години. Според психолозте оваа граница е доста поместена денес во пубертет влегуваат и дева на 7 или 8 годишна возраст.
Раниот пубертет е доста ризчен период во животот на децата, токму на таа возраст се најподложни на пороци од типот алкохол и цигари.
-Раниот пубертет е доста зачестен се гледа и во нашето училиште, но и во другите училишта ширум нашата држава но и секаде во светот, дека рнаиот пубертет си ја зема својата цена. Тука пред се може да се каже дека и самата исхрана, стресните ситуации влијаат пред се врз овие состојби како и секој организам во кој се битни и хипофизите, хормоните и хипоталамусот се битни во развојот на децата но токму затоа треба да сме во чекор со овие состојби“, вели Анастасија Настеска училишен психолог.
Раниот пубертет носи физички и емотивни промени кај децата кои бараат сериозен пристап од страна на семејството и околината. Да се помогне на детето да не дојде во состојба на осаменсост, излоираност или исмејување и неприфаќање.
– Психолошката страна е многу битна во третирањето на овие проблеми. Како што најчесто е познат и терминот вознемиреност, хиперактивност, промени имаат и во спиењето неспиење во текот на ноќта и спиење во текот на днеот, доведуваат до ситуации до анскионзост вознемиреност. Сакаат предизвици, да бидат во центарот на вниманието. Ќе направат некој предизвик кој може да доведе до опасност а тие не се свесни за опасноста од нивните постапки, додава Настеска .
Психолозите ги повикуваат родителите да обрнат поголемо внимание на промените кај своите деца и да побараат помош од писхолог да се советуваат за полесно надминување на раниот пубертет.
Новинар Соња Рилковска
