Се помалку се подготвува домашна зимница

Исчезнува мирисот на зимницата. Се помалку домаќинките подготвуваат домашен ајвар, лутеница,расол, туршија. Пазарџиите  во Охрид, велат од година во година им се намалува потрошувачката. Постарите генерации купуваат помалку, онолку колку што може да зготват, а младите воопшто не подготвуваат  зимница, купуваат индустриска, или нарачуваат домашна.

– Ссекоја година се полошо и полошо. Нема,  криза е.  Со плати   мали, пензии  мали. На наши  години прават, а младите готово, има по маркети, одат, земаат.

-Има разлика, и тоа голема.  Тие старите си одат, младите не се тука, се разбегаат по светов и затоа помалку.  Се е запустено полето. Нема ништо.  Ретко кој работи.

-Купуваат само во маркетите, кај нас послабо.Мислат ова дека е маркет, не знаат дека е пазар. Годинава е, мислам, послаба.  Се е поскапено.

– Може да рече дека помалку  сега се купува. По малку  работаат. Не знаат ни да направат, чекаат на свекрвите или мајка им.

-Многу, тоа е нагло намалување.  А и нема младеж, младеж  не влегува во пазарот.

Ако во минатото во есен секој двор мирисаше на топол ајвар, динамичниот живот комплетно ги промени нештата.

– Направивме, да. Ајвар, кечап, туршија, е така.  И сега зедов пиперки полнети со зелка да направам

– Не. Има 10 години не сме на работа никој.  Свежи пиперки немаме купено, сто денари  се килото, а не да купиме за зимница,

– Не правиме.  Одамна, купуваме готово.  Моментално таква е ситуација.

-Тешко за младите,  многу се насочени кон маркетите на страна на готовите јадења.

Домашната зимница е повкусна и поевтина, велат постарите, а приготвувањето можност за дружба покрај огнот, но оваа традиција полека исчезнува.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани