Се поставува прв слој асфалт на улица „Гоце Делчев“.
Активностите за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ се во напредна фаза. Денес се поставува првиот слој на асфалт.
Согласно проектот на улицата се постави атмосферска канализација, се уредија тротоарските површини и се поставува ново осветлување. Со поставувањето на сите слоеви асфалт Охрид добива уште една реконструирана улица по сите стандарди, информира градоначалникот Кирил Пецаков.