Градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко денес излезе на терен да изврши увид на продолжувањето на капиталниот проект за изградба на цевководот за снабдување со вода за пиење и подобар квалитет на истата, замена на азбестните цевководи и доделување соодветни количини вода за руралните населени места.
Овој капитален проект за градот и околината бара професионализам во реализацијата, со цевковод Ф600, со највисок квалитет за водоснабдување и притисок до 10 бари. Ќе се разгранува и дистрибуира, каде што ќе биде опфатен целиот град во двата правци, од делот на езерото и делот на автопатот, до реката Сатеска, информираат од општина Струга.
Во меѓувреме од Јавното претрпријатие Водовод Струга информираат дека повторно е забранета водата за пиење.
Ве известуваме дека од анализата на водата направена денеска (20.12.2021) поради дефект на главната цевка во водоводната мрежа, водата во општина Струга и околината е загадена и не треба да се користи за пиење.
Ги замолуваме сите граѓани да бидат внимателни, до следното известување, стои во соопштението од „ЈП Водовод и Канализација-Струга“.
