Во ОВР Струга синоќа во 22:30 часот било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во станбена зграда на улицата „Мемет Иљјаз“ во Струга.
Според пријавата, М.А. физички ја нападнала Д.М. (55), при што двете се од Струга.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
