Се воспоставува систем за рано предупредување од поплави

Министерствот за земјоделие водостопанство и шумарство и  УХМР  заедно со германското здружение ГИЗ работи  на воспоставување на систем за  рано предупредување на поплави во сливот на реката Црн Дрим“. 

Пред два месеци во УХМР е инсталиран новиот NMM-E модел за прогноза на времето, каде што преку него се радарски се следат конективните облачни маси , како и детектирање облачните маси од снимките добиени од европскиот метеролошки сателит. Со цел да се подобри комуникацијата и размената на информации пред неколку дена започна да функционира новата интернет мрежа воспоставена преку оптичка интернет врска.
Министерот Николовски посочи дека следењето и добивањето на точни и навремени информации за временските услови се потребни, со цел граѓаните да бидат навреме информирани, а земјоделците да добиваат навремени информации кои се важни за преземање на соодветни агротехнички мерки.

-„Мораме да бидеме фокусирани на справување со негативните влијанија од климатските промени. Климатските промени се нешто што не можеме да го решиме со една политика. Потребен е цел сет на мерки и политики ,се со цел да ги адаптираме и нашите политики на справување климатските промени, а со цел земјоделците да добиваат навремени информации и да можат навреме да ги применуваат агротехничките мерки. Започнавме со реновирање на неколку метеорлошки станици, завршени реновирањата на станиците во Крива Паланка и во Штип, оваа недела завршува реконструкцијата во Демир Капија. Во најскоро време започнува постапката за надградба на радарскиот систем во Ѓуриште“, изјави министерот Николовски.

Дополнително во насока на справување со негативните влијание од климатските промени, политиките на МЗШВ се во насока на воведување на современа градобијна заштита, како и воспоставување на нов модел на осигурување на земјоделството производство.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани