Семејството се сомнева во мистериозното „самоубиство“ на охридската лекарка

Семејството на починатата лекарка по потекло од Охрид Јелка Масин не е задоволно од истрагата на Основното јавно обвинитество и ќе бара дополнителна истрага.

 

Ова за НОВА го потврди нејзината сестра која рече дека многу се вознемириле од резултатот од истрагата, која тврди дека се работи за самоубиство, а  за која дознале од информацијата на НОВА.

Семејството смета дека прво тие требало да бидат известени, но досега никој ниту ги известил ниту ги контактирал.

-„Крајно сме незадоволни како е водена истрагата. ОЈО требаше прво нас, како семејство да не известат. Никој досега не не викнал, ниту од МВР, ниту од Обвинителство. На сослушување беше повикан само сопругот. Кога прашувавме и баравме одговори ни беше кажувано дека случајот е многу замрсен, дека има сомнеж за самоубиство, но дека повеќе личи на убиство. Дека не е „ниту риба, ниту девојка“, изјави за НОВА, Марија Димитровска Масин, сестра на починатата лекарка Масин.

Таа тврди дека се околу смртта на најзината сестра е многу мистериозно и дека целата истрага е водена лошо и многу чудно.

Познатата 53 годишна лекарка и професорка на Медицинскииот факултет беше пронајдена мртва на 9 мај минатата година, со повреди по телото. Наводно, телото го пронашол нејзиниот сопруг, лекар на истата клиника.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани