Шест лица повредени во сообраќајна несреќа кај Врбјани

Шест лица повредени во сообраќајна несреќа кај Врбјани.

На 21.01.2025 во 09.15 часот, на магистралниот пат А2, кај сeлото Врбјани, општина Дебрца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(39) од с.Стрелци, кичевско и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(72) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фолксваген бора“ Ф.И., како и возачот на патничкото возило „фолксваген пасат“ и неговата сопатничка В.Д. додека со телесни повреди се здобил возачот Х.И. и другите сопатници И.Л. и Л.И., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани