На Меѓународниот аеродром „Скопје“ слета првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со туристи од Германија. Авиокомпанијата ангажирана од македонски и германски тур-оператори, во соработка со Владата, ќе лета до скопскиот аеродром секој ден од февруари до јуни и од октомври до декември.
Како што рече министерот за транспорт и врски Александар Николоски, преку оваа програма за дојдовен туризам годишно се очекуваат 35.000 европски туристи од Германија, Франција и Велика Британија.
Изрази очекување тој број да расте во годините што следат, и како што кажа, тоа значи 35.000 туристи коишто ќе ги полнат хотелите, кои ќе ги посетуваат убавите кафеани, ресторани, кои ќе купуваат убави сувенири од Македонија, и на тој начин ќе придонесуваат за локалната економија.
Министерот Љутков изрази надеж дека ќе бидеме бидеме добри домаќини во иднина со ваков капацитет, и угостителите ќе имаат можност да ги подбруваат своите капацитети во иднина, со што би имале и поголем број на туристи и поголем број сместувачки капацитети.
Авиокомпанијата ангажирана од македонски и германски тур-оператори во соработка со македонската Влада, ќе лета до скопскиот аеродром секој ден од февруари до јуни, и од октомври до декември. Се очекува оваа програма за дојдовен туризам да донесе вкупно 35.000 европски туристи од Германија, Франција и Велика Британија.
Европските градови од кои ќе полетува „Фрибрд ерлајнс“ и ќе слетува на скопскиот аеродром се – Хамбург, Хановер, Минхен, Штутгарт, Берлин, Лајпциг, Дизелдорф и Франкфурт (Германија), Манчестер, Лондон – Гетвик (Велика Британија) и Париз, Лион и Марсеј (Франција). (МИА)
Се очекува да има летови од германските градови Франкфурт, Диселдорф, Хамбург, Хановер, Берлин, Минхен, Штутгарт и Лајпциг, како и од Париз, Лион и Марсеј. Турите ги организира германската компанија „РСД“.
Според податоците од веб страницата на германскиот туроператор, станува збор за неколкудневни организирани тури со прошетки низ Балканот, најмногу во Косово, Албанија и Црна Гора, во турата е вклучен и Охрид, а Скопје ќе им биде почетна и крајна дестинација.





