Денес во Охрид се одржа настан по повод завршената реконструкција и рехабилитација на училиштето и ученичкиот дом при ДСУ–РЦСОО „Ванчо Питошески“.
Со инвестиција од Европската Унија во износ од околу 1.7 милиони евра, објектот доби целосно нов изглед и функционалност – со нов покрив, фасада, прозорци, врати, подови, осветлување, греење, соларни панели и ИТ мрежа.
На настанот се обратија:Ана Крстеска, заменик градоначалничка на Охрид, Ивана Батиниќ Поповска, претставник на МОН, Александру Албу, претставник од Делегацијата на ЕУ, Галија Божанова, тим лидер на проектот „ЕУ за млади“ и Тони Андрески, директор на РЦСОО „Ванчо Питошески“.
Сите говорници честитаа на тимовите вклучени во реализацијата на реконструкцијата, нагласувајќи дека учениците и вработените добиваат безбеден, реновиран и модерен објект кој ќе придонесе за уште поголем развој на локалната и регионалната економија, особено во областа на туризмот и угостителство.

