Планинската спасителна служба трага по исчезнатиот стружанец.
Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне во 18:38ч. оперативниот центар на ПСС беше алармиран од МВР секторот за потраги по исчезнати лица, дека во реонот на село Брчево, исчезнат е жител на Струга (60 годишна возраст), со потекло од селото, кој претходниот ден се упатил да собира шумски плодови и се до 16.30ч. (според соседите од селото) не се вратил во својата викенд куќа.
Три члена екипа од ПСС при Црвен крст Охрид и водич на куче за пребарување од здружението „Куче Спасител“ од Охрид, во координација со Струшката полиција, од утрово се на терен во обид да се лоцира исчезнатото лице.
Акцијата е во тек.

