Со лажни докази до помала алиментација

Охриѓанка „го излажала“ судот и со лажни докази сакала да плаќа помалку пари за издршка на малолетното дете.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “поднесување лажни докази“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Т.(36) од Охрид. Пријавената, во бракоразводна постапка во Основен Суд Охрид како доказ употребила исправа за која знаела дека е невистинита со цел да и биде изречена помала сума за издршка на малолетната ќерка. Таа пред судот приложила лажен доказ односно невистинити исплатни листи за месечна нето плата од вкупно 13.000 денари во првите три месеци од оваа година иако знаела дека за истиот период, нејзината плата изнесувала 18.000 денари, Тоа било суштинско во бракоразводната постапка и во пресудата на Основниот суд во Охрид да биде задолжена да исплаќа помал износ за издршка на малолетно дете.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани