Со „охридска финта“, двајца охриѓани успеале да прелажат белгијанец. Тие, најверојатно делеувале многу искрено кога го убедиле белгијанецот да им ја префрли сопственоста на својот автомобил со цел полесно да го препродадат ветувајќи му многу пари .„Охридската финта“ им ја расипале охридските полицајци со кривична пријава а белгијанецот останал без пари и без автомобилот.
Сектор за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Џ.Б.(39) и Р.Е.(28) од Охрид за сторено кривично дело “измама“.Во текот на септември годинава, 31 годишно лице од Белгија,по претходен договор со пријавените,го префрлил автомобилот на име на второпријавениот,по што требало откако,пријавените би го продал,да му пратaт пари. Од тој моментн па се до пријавувањето, двајцата осомничени не го исполниле договореното, со што предизвикале материјална штета од 522.750 денари, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
