Социјална работничка во Охрид пријавила закани од незадоволна корисничка на помош

На 23.03.2026 во 10:30 часот, во СВР Охрид, 48-годишна жена од Охрид, вработена како социјален работник во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид, пријавила закани на своето работно место.

Според пријавата, Е.Х. од Охрид ѝ упатувала закани поради незадоволство од одлука за укинување на парична помош.

Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани