Сопружници од Дебар заболени од корона вирус

Двајцата нови дијагностицирани пациенти позитивни на коронавирус се сопружници од село во близина на Дебар коишто во нашата земја пристигнале од Бреша, Северна Италија на 27 февруари.

Нивната состојба е стабилна, имаат лесна клиничка слика, лесна форма на горно респираторна инфекција, односно на грип. Во земјава допатувале со автобус со уште 40 патници, кои се идентификувани и ќе им бидат направени проверки.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција рече дека пациентите ќе бидат пренесени со специјалниот транспорт на Здравствен дом Скопје на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде што дежурната екипа е спремна да ги пречека.

– По доаѓањето во земјава патниците немале никакви симптоми и за првпат со сосема лесни симптоми се јавиле 2 март, во понеделникот на матичниот лекар кој не препознал индикација да се направи тестот за коронавирусот, ги пратил на домашно лекување за да денеска се јават во болницата во Дебар каде што доаѓа инфектолог од Гостивар, рече министерот за здравство.

Филипче информира дека после влезот на границата од автобусот патници се симнувале во Куманово, во Скопје и во Дебар. Преку Министерството за внатрешни работи веќе се најдени имињата, матичните броеви на сите 40 патници во автобусот којшто влегол на 27 февруари.

Епидемиолози со асистенција на припадници на Министерството за внатрешни работи денеска ќе направат интервјуа со патниците и согласно податоците коишто ќе ги дадат, согласно нивната здравствена состојба, анализа на контактите коишто тие ги имале, ќе бидат преземени соодветни мерки.
Владата по вчерашната седница излезе со препорака до 13 март да се ограничат јавните настани со гости од странство, да нема поголеми јавни собири, а спортските натпревари да се играат одржуваат без публика.

Согласно ситуацијата во Европа, ситуацијата во Италија, како и во другите подрачја со поголем број регистрирани случаи со коронавирусот, останува препораката на Владата за сите патници од овие региони, да го пријавуваат влегувањето во земјата и да ги известат здравствените и безбедносните власти на граничните премини доколку се сомневаат дека имаат симптоми кои можат да бидат последица на контакт со корона вирусот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани