„Состојби на процвет“ изложба на Нестороски и Шерафатманд

Во Домот на култура „Браќа Миладиновци“ Струга вчера се одржа изложбата „Состојби на процвет“.

 

 

На неа беа изложени повеќе дела на двајцата главни основачи на уметничкото движење „флоресценсизам“, уметничко движење основано неодамна, во текот на самата пандемија.

Зборот „флоресценција“ се однесува на цветање и повикува за состојбата на процвет во нас луѓето дури минуваме низ најразлични животни услови и предизвици. Во природата секогаш постои состојба на транзиција и цветање па и додека работите минуваат низ еден видлив процес на распаѓање.
Во делата што ги прикажуваат на оваа изложба, Лида Шерафатманд и Милко Нестороски изразуваат состојби во кои допира нашиот потенцијал кон бесконечното, па оттука цветањето станува возможно во секоја ситуација, без оглед дали таа е пријатна или тешка. Kога посегнуваме кон креативната интелигенција и неизмерниот простор на срцето и душата, ни се овозможува да се движиме напред и да се спротивставиме на стагнацијата, а флоресценцијата станува возможна како за поединецот, така и за колективот.

 

МИЛКО НЕСТОРОСКИ е роден во Струга 1994 год. Основно и средно училиште (гимназија) завршил во Струга, по што се запишува на Факултетот за Ликовна Уметност во Скопје, отсек сликарство во класата на проф. Благоја Маневски. Дипломира во 2018 год. Од 2014 год. учествува на годишните изложби на уметници од Струга. До сега имал самостојни изложби во Струга и Скопје, учествувал на три групни изложби и две изложби од конкурсите на АМС. Организатор е и учесник на првата треш-колонија во земјава во склоп на фестивалот ДримОН, која резултира со изведба на перформанс. Учествува во групна изведба на инсталација во склоп на истиот фестивал како и во уште два други перформанси во Скопје.

 

Lida Sherafatmand е светски ппозната ументица која веќе две години живее и твори во Струга. Нејзините слики направени во Струга се испечатени како официјални марки во Кина и Линхенштајн. Воедно тие се и на насловни страници на учебници на Камбриџ универзитетот.

 

 

 

Social profiles