Мирен протестен собир одржа денеска Општинската организација на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.
Денеска на градскиот плоштад во Охрид, ОО ВМРО ДПМНЕ Охрид одржа мирен протест против притворањето на пратениците од Охрид и други лица за собраниските инциденти од 27-ми април.Пред присутните членови и симпатизери, зборуваше претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков. Пецаков кажа дека во 21 век се случува брутален прогон и дека Македонија е единственото место во светот каде патриотите треба да одговораат за измислено дело тероризам.
-Хунтата на СДС погази и Устав и закони, се гонат и затвораат искрени патриоти, а утре ќе го гонат и затвораат секој еден кој се спротивставува на оваа ненародна и марионетска власт. Затоа, како советничка група на ВМРО-ДПННЕ и коалицијата „За подобра Македонија” остануваме доследни на поддршката за притворените уставнобранители од настаните од 27-ми април ќе ја бојкотираме работата на Советот на општина Охрид сѐ до конечна слобода на притворените во политички монтираниот процес, рече Пецаков.