Општина Струга ќе учествува на меѓународниот саем за туризам „Tourism Fair Albania 2026“, кој ќе се одржи на 11 и 12 февруари 2026 година во Тирана, Република Албанија.
„Овој саем претставува значајна можност за промоција на туристичките потенцијали, производите и услугите на Општина Струга, како и за воспоставување нови соработки и проширување на пазарот“, информираат од Општина Струга.
Во таа насока, од општината ги повикуваат локалните туристички субјекти и даватели на услуги да се вклучат во промоцијата, преку директно учество на саемот или со доставување промотивни материјали, кои ќе бидат изложени на штандот на Општина Струга.
📍 Локација: Тирана, Албанија
📅 Датум: 11–12 февруари 2026 година
„Саемот ќе обедини компании, институции и посетители од регионот и пошироко, отворајќи можности за нови партнерства и унапредување на туристичката понуда“, посочуваат од општината.
Рокот за доставување на промотивни материјали е 10 февруари 2026 година, во просториите на Општина Струга – Одделение за туризам.
За повеќе информации и координација, заинтересираните можат да се обратат до Одделението за туризам при Општина Струга.
