Струшката ,,Летница Белвица” е новиот концесионер, кој во следните шест години ќе управува со рибниот фонд на Охридското езеро.
Фирмата „Летница – Белвица“ е во сопственост на стружанецот Милорад Чавковски кој претходно бил одговорно лице и во струшката подружница на претходниот концесионер „Пастрмка 2012“.
Новиот концесиоенр на електронската аукција за стопански риболов понудил надомест за концесија во вкупен износ од 9,92 милиони денари или (161.340 евра) за период од шест години, а за рекреативен риболов концесиски надомест од 100 отсто од вредноста на издадените дозволи за рекреативен риболов за период од шест години.
„Летница Белвица“ го добива езерото на користење со изменета риболовна основа. Измените се однесуваат во делот на утврдување на периодот на мрест, времето во кое е дозволен риболовот, намалени се количините на дозволен улов на видот охридска белвица и детално се уредени специфичните локации на мрест на рибите, особено за Охридската пастрмка, белвицата и крапот.
